За нашето училиште

Училиштето започна со работа во 1973 година, како истурени паралелки на гимназијата „Мирко Милески“ од Кичево. Од 01.09.1975 год. работи како самостоен центар под името УЦСО „Вељко Влаховиќ“. Во 1994 година го променува името во „Св. Наум Охридски“. Во 2006 година со донесување на новиот Статут повторно го променува називот и се именува како Средно општинско училиште „Св. Наум Охридски“ – Македонски Брод. Низ ова училиште од неговото основање до денес поминале илјадници ученици од кои поголем дел се стекнале со академско образование.

Нашата Мисија

Со почитување и развивање на индивидуалните способности и со примена на современи методи заеднички да создадеме личности кои цел живот учат и кои ќе напредуваат според своите афинитети и можности

Нашата Визија

Развивање на современа компјутеризирана настава, обезбедување на еко средина, применување на објективно оценување, развивање на чувства за одговорност, хуманост и стекнување практично применливи знаења кај учениците.